15 April 2012

Јахтата на Ивана

Јахтата на Ивана, како што ја нарековме е дело на МекДиармид дизајн студиото и беше претставена на шоуто за јахти во Монако минатата година.


Се работи за ултра луксузен брод, долг 87 метри на кој што нема што нема. Може да понесе 16 патници во осум различни кабини, а планирано е гостите да ги опслужува екипаж од 20 членови.
ivana-jahta-01
Предниот дел од палубата се отвара на средина и од под „покривот“ се појавува базен и џакузи. Ако треба да се зачува простор, „покривот“ се враќа назад и може да се користи како место за забава.
ivana-jahta-02
Некои од деловите на бродот кои се под вода се обложени комплетно со стакло и патниците можат да го гледаат морето одвнатре, а ако тоа на гостите на Ивана не им е доволно, тогаш јахтата има сопствена мини подморница со која може да се нурка.
На предниот дел од бродот има и хелиодро, но за хеликоптер сепак ќе треба да си платите екстра.
ivana-jahta-03

No comments: