14 April 2012

Едноставни трикови за забрзување на метаболизмот


1. Утро
Прво и основно правило на здрав живот, а не само на диеталната исхрана, е тоа да не го прескокнувате доручекот. Стекнете навика пред работа квалитетно да се најадете. Водете внимание бидејќи треба да имате време да спремите квалитетен доручек, за на пат до работа да не застанете по бурек или слично.
Туна сендвич
ednostavni-trikovi-za-zabrzuvanje-thumb
Доручекот мора да се состои од протеини кои ќе ве држат долго време сити, од сложени јаглехидрати и од дозволените здрави масти. Пример за таков доручек би била туна со интегрален леб или кајгана со една жолчка и три белки, припремена со растително масло. Како трета варијанта на идеален доручек се житариците со млеко или јогурт.
Кафето, освен што ве разбудува, докажано има ефект да го забрза метаболизмот стимулирајќи го централниот нервен систем, забрзувајќи го пулсот и дишењето. Секако тоа не значи дека треба да пиете во големи количини. Две кафиња дневно би биле сосема доволни.
Освен кафе, друг препорачан пијалок е водата. Чаша ладна вода, иако лоша за грлото е добра за забрзувањсе на метаболизмот бидејќи му треба време за да ја загрее до телесната температура, а за тоа треба енергија.

2. На работа
На работа, за време на паузата за ручек, одберете јадење богато со протеини кои ќе ви даде чувство на ситост и нема да морате подоцна да јадете разни калорични и нездрави грицки. Јадете пилешко или мисирка подготвено со масти од растително потекло или варени со посно сирење.
Со ваков оброк, најдобро е да се напиете две шолји незасладен чај. Зелениот чај содржи компоненти кои му помагаат на вашиот организам да согори 50 калории додека го пиете. 50 калории дневно не е многу, но доколку ја пресметате во година дена, би излегло дека со зелениот чај губите 10 килограми само со консумирање на 2 до 4 шолји дневно. Пијте го топол и без додаток.
3. Кога купувате
kako-da-go-zabrzate-metabolizmot-chiliКога купувате намирници, воздржете се од купување на нездрави продукти.
Чили пиперки и краставици
Освен вообичаените зачини кои се користат, префрлете се на купување и користење на лути пиперки, чили, бибер и слично. Докажано согоруваат калории забрзувајќи ја работата на вашиот централен нервен систем.
4. За време на тренинг
Вежбате секој ден, а не забележувате разлика во тежината на телото? Масата ви се зголемила поради зголемувањето на мускулите, а сакате да бидете сигурни дека сте ги согориле калориите?
Практикувајте вежби за одделни мускулни групи со различни временски интервали, и аеробни вежби. Немојте да запнете во теретаната и само да се билдате мислејќи дека вашето тело ќе се исцрта како кај глумците. Разговарајте со тренерот кои вежби се најдобри за намалување на килограмите и на кој начин да ги комбинирате.
Spinning тренинг
Додека ги држете теговите, забавете, на тој начин мускулите повеќе ќе трошат, а понекогаш им се потребно и до 72 саати после тренингот за да се вратат во почетната положба, а за тој процес е трошат поголемо количество масти и - побрзо работење на метаболизмот!
Некои научници докажале дека консумирањето на рибино масло со редовни вежби, ја забрзуваат активноста на ензимата задолжена за трошење на мастите.
5. Дома
kako-da-go-zabrzate-metabolizmot-spienjeДома припремете оброк од плава риба богата со омега 3, масни киселини кои помагаат во работењето на мозокот и нервниот систем, а освен тоа, богати се со витамин D, кој го чува мускулното ткиво и го забрзува метаболизмот.
Спиење
Потребно е редовно спиење со траење од 8 часа за нивоата на хормоните лептин и грелин, задолжени за регулирање на апетитот и распределување на енергијата, да бидат исти за работата на метаболизмот да биде на исто ниво.

No comments: