23 April 2012

Оваа недела пристигнува „Google Drive“?


Оваа недела на светот би требало да биде претставен „Google Drive“. Според неофицијалните информации, новиот сервис на Гугл за складирање на податоци на пазарот би требало  да победи Dropbox.

googledrive-500
Имено, една од одликите на „Google drive“ е дека на корисниците ќе им понуди пет гигабајти на бесплатен простор за складирање на податоци, додека пак Dropbox нуди два. Ако ви треба повеќе простор може да го платите.
Google Drive ќе биде интергриран со останатите сервиси на Гугл, а ќе му се пристапува со корисничките податоци за Gmail. Според објавеното во The Next Web, ќе биде достапен и во мобилна верзија, односно за Mac и Pc.
Гугл досега нема објавено никаква официјална информација за овој сервис, кој според неофицијалните податоци треба на корисниците да им биде достапен од вторник.

No comments: