Популарниот Gelandewagen (теренско возило) ќе добие ново издание, во речиси неизменет облик. G-Class на пазарот веќе егзистира цели 33 години.
Новата G-Class ќе донесе цела низа новости, што на дизајнерски, што на технички план.
Новата G-Class ќе донесе цела низа новости, што на дизајнерски, што на технички план.
.jpg)
Надворешноста, речиси и да не е изменета. Mercedes-Benz останува на коцкастиот, добро познат дизајн. Нови се ретровизорите и дневните LED светла. AMG изведбата доби нова предна маска, нов дизајн на браниците, како и нови 20-инчни алуминиумски фелни.
Најголемите измени ги претрпе внатрешноста на автомобилот. Имено, нови се инструмент-таблата, воланот и средишната конзола.
.jpg)
Што се однесува до дополнителната опрема, таа е збогатена со долга листа на безбедностни системи. Побитни за споменување се Blind Spot Assist (надзор на мртвиот агол), Distronic Plus (одржување на растојание во однос на автомобилот напред), Parktronic (камера за возење наназад) и Trailer Stability Assist (контрола на стабилноста на приколката).
Купувачите ќе имаат можност да бираат помеѓу четири погонски единици – еден дизел, и три бензински агрегати. Тука се и две модифицирани машини од AMG погонот (5.5 V8 и 6.0 V12). За првпат во својата 33-годишна историја, во Mercedes-Benz G-Class ќе се вградува и V12 мотор.Стигнавме до здодевниот дел – цените. Засега, познати се за германскиот пазар, и истите ќе се движат од 85.000 евра за основниот модел, до 264.000 евра за врвната AMG верзија..jpg)

.jpg)
.jpg)
.jpg)

.jpg)
.jpg)
No comments:
Post a Comment