Иако повеќето фотографи се „врткаа“ на штандот на Peugeot во Женева околу новите концепти со ознака 208, и тоа 208 XS и 208 GTI Concept, французите имаат и друг модел што првпат и го покажуваат на публиката, СУВ возилото 4008. Тоа не беше изненадување, бидејќи фотографиите за изгледот на автомобилот беа познати неколку недели пред почетокот на саемот во Женева.
Новиот модел што од мај ќе почне да се продава се базира на Mitsubishi ASX, а во САД е познат под името Outlander Sport, и RVR во Јапонија и во Канада.
Овој модел е дел од соработката на Mitsubishi и PSA, уште од април 2010 година, кога соопштија дека работат на проект на компактен SUV модел. Тој проект предвидуваше нов SUV со знакот на Peugeot и Citroen, што ќе се базира на постоечката платформа на Mitsubishi и што во најголема мера ќе користи делови со Mitsubishi ASX. Кон крајот на 2011 година беа објавени и првите фотографии на двата модели, Citroen C4 и Peugeot 4008.
Во палетата на мотори 4008 (во зависност од пазарот) ќе има 1,6Л и 2,0Л бензински мотори (со 115 КС и 152 Hm вртежен момент, односно 150 КС и 198 Нм), и два HDI дизелски агрегати (1,6Л со 115 КС и 270 Нм, како и 1,8Л со 150 КС и 300 Нм).
Должината на моделот е 434 см, ширината – 180 см, висината – 163 см, а меѓуоскиното растојание – 267 см. Багажникот е со зафатнина од 416 литри, ако има резервно тркало, односно 442 литри со прибор за поправка.
Peugeot 4008 ќе се нуди во верзии со 4х2 и 4х4 погон, а од менувачите во понуда ќе бидат пет степени и шест степени мануелни, како и CVT трансмисија. Возилото се најавува дека ќе се продава во повеќе од 50 земји.
Извор:Нетпрес
Извор:Нетпрес
No comments:
Post a Comment