10 April 2012

Titanic 3D заработи над 60 милиони долари за два дена

Тродимензионалната верзија на филмот „Titanic” заработи 17,4 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во кината во САД.
Вкупната сума за САД и Канада достигнува до 25,7 милиони долари, а уште 35,5 милиони долари филмот заработил од прикажувањето во други земји.
Промената на филмот во 3Д верзија чинеше 18 милиони долари, а процесот траел 60 седмици.
Филмот „Тitanic” беше премиерно прикажан во 1997 година и доживеа вртоглав успех. Се проценува дека вкупните приходи на филмот изнесувале над 1,8 милијарди долари.

No comments: