31 January 2014

Facebook регистрира 945 милиони корисници месечно

социјална мрежаСоцијалната мрежа Facebook во периодот од октомври до декември 2013 година регистрирала 945 милиони редовни корисници. Тоа стана јасно од објавените финансиски резултати на социјалната мрежа, кои покажуваат раст од 39%, споредено со истиот период во 2012-та.

Голям скок е забележан и кај бројот на корисниците кои секојдневно влегуваат на социјалната мрежа преку своите мобилни уреди – 556 милиони луѓе. Тоа претставува пораст од 49%, за разлика од истиот период во 2012 година.

Сите овие статистики покажуваа многу добри финансиски резултати за Facebook. Компанијата регистрирала приходи од 2,59 милијардни долари и добивка од 523 милиони долари. Тоа највеќе се должи на успехот на Facebook рекламите. А со зголемувањето на бројот на корисниците, иднината на социјалната мрежа изгледа позитивна.

No comments: