31 January 2014

Nokia има најбезбедни смартфони

Nokia има најбезбедни смартфони
Nokia на неколку недели пред промоцијата на новата верзија на оперативниот систем Windows Phone 8.1 потсетува зошто оваа платформа е најбезбедна на пазарот и корисниците не може да бидат оштетени како што се случува на пример кај несигурниот Android каде се извршуваат 90 посто од хакерските напади.



Nokia во своите смартфони има вградено многу безбедносни софтверски алатки кои се од корист за секојдневниот корнисник но, и за компаниите со примена на посебна енкрипција, како и заштита на документи од доверлива природа.



Предноста на Nokia е што платформата на Windows Phone 8 не користи надворешни апликации и софтвер кои не се официјално потврдени, па затоа нема простор за хакерски напади, иако во последно време се прават напори за Jailbreak на Nokia. Во продолжение погледнете го и промотивното видео на Nokia за безбедноста на Windows Phone 8.

No comments: