28 March 2012

Секое трето бебе од 2012 година ќе доживее 100 години


Секое трето бебе од 2012 година ќе доживее 100 години
Секое трето бебе родено оваа година ќе доживее 100 години, се вели во студија на британското Одделение за статистика.

Британски Телеграф наведува дека жените може да имаат поголеми шанси да доживеат 100 години отколку мажите. Според проценки на Одделението за статистика, 10 отсто мажи кои сега имаат 65 години и 14 отсто жени ќе прослават 100 роденден.

Бројот на 100-годишници во Велика Британија драстично се зголеми од 1961 година од 600 на 13.000 во 2010 година. Според анализите, до 2060 година таа цифра ќе биде 456.000.

No comments: