28 March 2012

Австриец си ја отсекол ногата и ја фрлил во печка


Австриец си ја отсекол ногата и ја фрлил во печка
Еден невработен 56-годишен Австриец си ја отсекол ногата и потоа ја фрлил во печка, за од лекарот добие потврда оти е неспособен за работа за пензиското осигурување.

Австриецот тоа го сторил пред закажаниот лекарски преглед, стравувајќи дека ќе биде прогласен за работно способен и оти повторно ќе мора да работи.

За да го избегне лекарскиот преглед тој самиот си ја ампутирал левата нога.

Околу шест часот наутро во котларницата на својата куќа зел електрична тестера, наменета за сечење дрва, и си ја пресекол ногата. Потоа ја фрлил во печка, со цел да не може повеќе да му биде пришиена.

Дури потоа тој се одвлекол до гаражата и повикал итна помош. По интервенцијата во болница, тој повеќе не се наоѓа во животна опасност.

No comments: