Јужна Африка во вторникот го поздрави убавиот пример на 80-годишна жена која 62 години возела автомобил без ниедна казна за сообраќаен прекршок во земјата во која секој ден гинат 40 лица во сообраќајни несреќи.
Министерот за сообраќај, Сбусисо Ндебел на 80-годишната Хазел Суми и предаде сертификат за 60 години возење без прекршок.
- Возење без грешки е убав пример кој го даде Сума, доказ дека можеме да престанеме со масакрот на нашите патишта, изјави министерот.
Јужноафриканските возачи возат опасно. Така во понеделникот еден возач на мотор е сопрен додека возел 220 километри на час во зоната во која брзината е ограничена на 120 километри на час.
Бројот на загинати на патишата е нешто помал, но повеќе од шест милиони казни се изречени меѓу октомври 2010 и крајот на 2011 година, а повеќе од 21.000 пијани возачи се уапсени во истиот период.
No comments:
Post a Comment