16 March 2012

Благодарение на Фејсбук дознала дека сопругот и е во брак со друга жена


Благодарение на Фејсбук дознала дека сопругот и е во брак со друга жена
Благодарение на апликацијата на Фејсбук „Луѓе кои можете да ги пронајдете“, две Американки дознале дека се мажени за ист човек, односно дека нивниот сопруг истовремено е во брак и со двете.

Имено, едната од нив преку апликацијата добила предлог да стане пријателка со втората. Откако го отворила профилот, а потоа и фотографијата на него, таа имала што да види- својот сопруг како со друга жена сече свадбена торта. Потоа таа ја повикала мајката на сопругот , а ги контактирала и американските власти, стои во судските акти.

Жената со истрагата дознала дека нејзиниот сопруг Алан Финк всушност е Алан О Нил кој го променил своето презиме откако ја оставил првата сопруга, но од неа никогаш официјално не се развел.

Доколку Алан, кој е затворски чувар, биде обвинет за бигамија може да заврши и зад решетки и тоа на една година. Доколку биде обвинет, тоа ќе биде првиот случај во историјата во кој социјалната мрежа е „клучен сведок“. 

No comments: