Претставници на државната лотарија во Мериленд објавија денеска дека во оваа американска сојузна држава е продаден највредниот тикет на сите времиња, но дека се уште не е познато дали добивката од 640 милиони долар ќе припадне на една личност или ќе има повеќе добитници.

Директорката за комуникации во Лотаријата во Мериленд Керол Еверет изјави дека победничкиот тикет е купен во една продавница во округот Балтимор.
Еверет истакна дека се уште нема информации за среќниот добитник и дали во останатите делови на САД се продадени уште добитни тикети.
Добитните броеви на тикетот се 2, 4, 23, 38, 46 и 23.
Државната лотарија денеска на својата Интернет страница ќе објави колку добитни тикети се продадени и во кои држави.
Според Еверет последен пат тикет од Мериленд освоил голема сума на лотарија во 2008 година, кога добитничкиот износ бил 24 милиони долари.
Претходниот рекорд во САД изнесува 390 милиони долари, кој во 2007 година го поделија двајца добитници од Џорџија и Њу Џерси.
No comments:
Post a Comment