Седум недели старото теле Лили, кое има шест нозе, успеа да преживее и наспроти лошите предвидувања на ветеринарите, да стане голема атракција во Швајцарија.
Телето стана познато во Швајцарија, откако локалните медиуми објавија фотографии на кои тоа весело скока на полињата.
Фармерот Андреас Кнут од Вејзенбург, населено место кое се наоѓа на 30 километри од главниот град Берн, изјави дека не можел да го „успие“ животното, бидејќи било „полно со живот“.
Кнут истакна дека телето, доколку остане здраво, ќе може да се приклучи на останатите кога ќе одат на пасење на Алпите ова лето.
No comments:
Post a Comment