Грците имаат помалку секс поради економската криза и најмногу откако нивната земја го доби вториот спасувачки заем, покажува социолошкото истражување на социолошката агенција АЛКО.
Анкетата, во која учествувале 600 мажи и жени на возраст од 25 до 64 години покажува дека Грците имаат и драматично намалување на браковите, но и зголемување на неверствата.
Истражувањето открива сериозни последици во сексуалниот живот на Грците од економската криза. Во последните три месеци бројот на сексуални контакти на Грците се намалил до 34 проценти, а економската криза влијаела негативно на 47 отсто од испитаниците.
Четириесет и шест отсто од двојките кажале дека кризата им извршила негативно влијание врз нивниот личен живот.
Се смета дека кризата влијаела најмногу на гласачите на десницата (58 отсто), во споредба со оние на левицата (33 отсто)
No comments:
Post a Comment