Недела, 11 Март 2012 11:42
Сподели698
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Јазичниот гениј Мухамед Месиќ во интервју за „Вечер“ открива дека знае 67 јазици, но струмичкиот дијалект воопшто не го разбира.

Мухамед Месиќ е јазичен гениј кој зборува фантастични 67 јазици. Младиот тузланец на само 28 годиишна возраст зборува јазици како грузиски и корејски, казашки и јазикот тви, што се зборува во Гана.
На прашањето на колку години знаел 2 јазика, на колку години 3, на колку 5, на колку 10, 20, 50, Месиќ одговара дека никогаш не ги броел и не ги брои јазици. Кога имал само 5 години, покрај мајчиниот јазик веќе зборувал и англиски, и кога отишол со семејството на одмор во Грција и ја слушал газдарица како зборува со својата ќерката сфатил дека разбира се што и кажува. Малку по малку, за две недели можел и тој да зборува со нив. Кога имал шеснаесет години, можел да зборува дванаесет јазици. Шведскиот, го научил од војници на УНПРОФОР за време на војната во Босна.
Македонскиот јазик го научил преку пријатели, но струмичани се уште не ги разбира.
-Имав најдобри наставници во светот за македонскиот јазик иако никогаш не го учив на организиран начин, пред околу десет години започнав многу блиски пријателства со Македонци, најчесто од Битола, а со добри пријатели е лесно да се научи јазикот! Сепак се уште правам многу грешки во граматика, затоа што македонскиот јазик е граматички побогат отколку повеќето други словенски јазици. Исто така се уште ми е многу тешко да ги разбирам струмичани, истакнува Месиќ во интервјуто за весникот „Вечер“.
Тој за македонскиот јазик вели дека е со најстари корени и укажува на тоа дека Македонците треба да бидат повеќе свесни за тоа богатство. За него лично македонските дијалекти се навистина фасцинантни.
No comments:
Post a Comment