11 March 2012

Сообраќајот се одвива тековно, снежни врнежи и магла на дел од патиштата


Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива по влажни коловози и со остатоци од снег на повисоките места.
Врнежи од снег се бележат во Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар и Смојмирово. Појава на магла има во Гостивар, каде видливоста е од 70 до 100 метри и на Плетвар со видливост од 50 до 60 метри, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Од АМСМ укажуваат на посебна внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија - Удово поради можна појава на одрони. На возачите им се препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.  На граничните премини нема подолги чекања. Законската обврска за задолжително поседување зимската опрема во возилата трае до 15 март. 

No comments: