11 March 2012

ФОТО: Бизарна зависност: Девојка пие бензин


Иако самото вдишување на бензин е лошо по здравјето, на светот се најде и девојка што ужива да го пие.
Американката Шенон во својата кујна чува канистер со бензин и со уживање го пие. Таа јавно зборуваше за својата чудна зависност на телевизија во емисијата : Мојата чудна зависност. 
- Иако на почетокот има чуден вкус и ми го гори грлото, сепак безинот ме прави да се чувствувам добро. Некогаш само го лижам капачето, а често пијам и од канистерот - вели Шенон која пие и по 12 лажички бензин дневно.
Нејзината мајка не верувала дека ќерката пие бензин, но го осетила мирисот во нејзиниот здив. Од почетокот на нејзината зависност до сега се претпоставува дека младата Американка испила околу 19 литри бензин.
- Пиењето бензин може да предизвика изгореници, дијареа и да предизвика смрт ако е во преголема доза. Токму затоа е токсичен - стои во изјавата од Одделот за здравство на државата Њујорк.
Неколку дена пред да излезе Шенон на телевизија со својата чудна зависност во Северна Каролина беше регистриран смртен случај од пиење на бензин.

 

No comments: