11 March 2012

Survivor и официјално од утре!



Од понеделник, веднаш по централниот Дневник 1 на Тв Сител и официјално стартува новата сезона на најконтроверзното, но и воедно најгледано реално шоу на Балканот – Survivor 2012. Оваа година зад Преживеан Костарика се потпишуваат трите телевизиски центри од Белград, Загреб и Скопје, ТВ РТЛ Хрватска, Прва Српска ТВ Србија и Телевизија Сител Македонија. Шоуто во
понеделник започнува со специјални гостувања на некогашните преживувачи, кои ја преставуваа Македонија, во претходните серијали на VIP Survivor и Survivor: актерката Ана Стојановска и раперот Тони Зен како и битолчанецот Пеце Котевски кој преживуваше во регуларниот дел на ова шоу. Тие во специјалната емисија посветена на ова шоу, ќе се потсетат на миговите поминати во шоуто, но ќе прогнозираат како според нивнита искуства ќе се снајдат овогодинешните претставници Жаре Бербер и Александра Накова. Емисијата започнува од 19.45, а веднаш по неа ќе се емитува и првата емисија од VIP Survivor 2012. Во рамките на естрадниот магазин Backstage секојдневно од 18.40 ќе се емитуваат и најинтересните моменти од реалното шоу, ќе можете да ѕирнете зад камерите и да видите како и со колкава екипа се реализира Преживеан, а ќе имате можност да освоите и некој од официјалните сувенири на VIP Survivor Костарика. Затоа од утре понеделник, не го менувајте каналот...

No comments: