06 March 2012

Перо Стојановски си поднесе оставка


Македонскиот амбасадор во Австралија и Нов Зеланд Перо Стојановски вечерва информираше дека поради здравствени причини се повлекува од функцијата и оти за оваа негова одлука пред неколку дена го известил министерот за надворешни работи Никола Попоски и државниот врв.

stojanovski.jpg500
- Пред неколку дена го известив министерот за надворешни работи и државниот врв дека од здравствени причини се повлекувам од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во
Комонвелтот Австралија, како и од вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Македонија во Нов Зеланд, со седиште во Канбера, се наведува во информацијата што тој ја испрати до медиумите.
Стојановски очекува оваа негова одлука да наиде на целосно разбирање кај државното раководство.
- Би сакал да истакнам дека сум благодарен за целосната доверба што ми беше дадена за извршување на оваа значајната и одговорна функција, како дипломатски претставник на Република Македонија во Австралија и Нов Зеланд. Сакам да изразам и мојата благодарност до целокупната македонска заедница во Австралија и Нов Зеланд кои во изминатиов период безрезервно и помагаа на македонската дипломатска мисија, но и на мене лично како Амбасадор, посочува Стојановски.
Функцијата амбасадор во Австралија Стојановски ја извршуваше од ноември 2009 година.

No comments: