
Цитронот со својот освежувачки сок е добар додадок во секоја диета. Тој ствара чувство на ситост а има малку калории. Со тоа помага директно во губењето на калории и исто така помага за намалување на нивото на инсулинот во крвта.
Црвениот цитрон содржи повеќе антиоксиданси од обичниот цитрон, па може и тоа да е причината за нивното поволно дејствување на триглицеридите. Препорака е на научниците е сите оние кои страдаат од зголемено ниво на холестерол во крвта, задолжително да внесуваат по еден црвен цитрон дневно во исхраната.
Но, исто така мора да се напомене дека некои лекови се во интеракција со сокот од цитронот, како што се лековите за намалување на нивото на холестерол во крвта, некои лекови за намалување на крвниот притисок, срцевиот ритам, антидепресиви и лекови против анксиозност.
Затоа, се препорачува совет од лекар доколку сте корисник на некој од горенаведените лекови.
No comments:
Post a Comment