06 March 2012

На Арсенал му тербаше малце за да направи големо чудо


Фудбалерите на Арсенал одиграа одличен натпревар и беа на „чекор до остварување на соништата“, откако во тукушто завршениот натпревар го совладаа Милан на „Емирати“ со 3:0. Сепак, тоа беше недоволно тимот на Венгер да се пласира во четвртфиналето, со оглед на поразот од 4:0 на „Сан Сиро“.

Мечот на „Емирати“ започна онака како што фановите на „топџиите“ можеа да посакаат.
arsenal500По само седум минути Арсенал го отвори резултатот, а стрелец беше дефанзивецот Косчиелни, кој практично остана „заборавен“ пред голот на Милан, па не му беше тешко да ја смести топката во мрежата за 1:0.
Сепак, вистинската надеж која можеше да го однесе Арсенал во четвртфиналето дојде во 26-та минута. Волкот имаше карактеристичен пробив по левата страна,ја уфрли топката во шеснаесетникот, Силва лошо интервенираше во обидот да ја исфрли топката. Росицки беше на вистинското место на работ од казнениот простор и веќе беше 2:0 за домаќините.
Тоа не беше се' во првиот дел од Арсенал. Во 42-та минута нова лоша реакција од одбранaта на Милан. Чембрлен беше соборен во казнениот простор, а судијата покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде капитенот Робин ван Перси и Арсенал веќе имаше предност од 3:0 на три минути до крајот на првиот дел.
Остана цело второ полувреме „топџиите“ да се изборат за продолженија, но сепак не успеаја.
Ван Перси во 58-та минута имаше феноменална прилика за 4:0, се најде сам пред Абијати, но не успеа да го совлада италијанскиот голман.
До крајот имаше уште по една прилика на двете страни, но притисокот на Арсенал до крајот некако опадна и Милан ја зачува предноста од 4:0 остварена на првиот меч за вкупна победа од 4:3 и прогрес меѓу осумте најдобри.

No comments: