06 March 2012

Западниот дел од Македонија е под дожд

Македонија ја зафати бран со врнежи.


Иако после неколкуте сончеви денови мислевме дека зимата со големите снегови си отиде таа е сеуште тука.


Денеска после 18 часот во западните делови од Македонија започна врнење на дожд, кој во подоцните часови постепено се зголемува. 


Од УХРМ за утре најавуваат времето да биде умерено облачно. Во попладневните и вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Во источните предели, денес врнежи не се очекуваат. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени.

No comments: