07 March 2012

Фејзбук не функционира

Најголемата социјална мрежа Фејсбук, утрово не е достапна за корисниците.

facebook890-5000
Сеуште не е позната причината за нефункционирањето на еден од најпосетуваните сајтови.
Невообичаено е тоа што немаше најава од страна на Фејсбук, за повремено исклучување, ниту за одредени технички промени.
Од странските форуми може да се забележи дека оваа интернет страница не е достапна не само за корисниците од Македонија, туку и за останатите корисници од светот.
Од ова произлегува дека проблемот е наверојатно многу поголем и истиот има глобален карактер.
Сепак мал дел од лицата зачленети на странските форуми, велат дека имаат пристап до Фејсбук.
Инаку најпопуларната социјална мрежа во изминатиов период добиваше многу закани од повеќе хакерски групи.

No comments: