
Силна сончева бура треба да ја погоди земјата помеѓу седум и единаесет часот изутрина во четврток и експертите предупредуваат на проблеми со електричните мрежи, со сателитската навигација и со авионскиот сообраќај.
Бурата, предизвикана од две масивни сончеви експлозии на почетокот на неделава, најмногу проблеми ќе предизвика во поларните региони. Поради топа издадено е предупредување авионите да ги сменат плановите за летање и да ги одбегнуваат тие региони.
Бурата ќе исфрли силна струја од наелектризирани честички на земјата, кој ќе ја погодат со брзина од 6.400.000 километри на час. Сликите од регионот на сонцето каде што се случиле експлозиите посочуваат на огромни количини на насобрана магнетна енергија. Во изминативе неколку децении се забележани повеќе вакви магнетни бури.
Северната светлина или аурората ќе ме да се забележи и на пониските географски широчини. Според експертите, се очекува бурата да трае до петок наутро
No comments:
Post a Comment