08 March 2012

Марта со девет ума

Иако од пролетта календарски не делат само две недели, зимата не попушта. Снежни врнежи денеска го зафатија Охрид, а снег паѓа и во другите краишта од земјава.


Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива непречено во зимски услови, без забрани, застои и ограничувања, по местимично влажни коловози. Снег со појак интензитет паѓа кај К.Паланка и има остатоци од снег на коловозот кој засега не предизвикува проблеми за одвивање на сообраќајот, додека на Ѓавато, Плетвар Смојмирово и Делчево има префрлање на слаб снег кој не се задржува на коловоз.  На патниот правец Крак - Маврово - дебар од 11.30. часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. Од 12,10 часот е уведена и забрана за движење на тешките товарни возила и на патниот правец Гостивар - Кичево -планинскиот превој Стража поради интензивни врнежи од снег.

Посебна внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија - Удово поради можна појава на одрони.  На возачите им препорачуваме исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. 

No comments: