13 March 2012

Утре пресуда за случајот „Пајажина“


Сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, како и останатите обвинети од случајот „Пајажина“, утре ќе ја слушнат пресудата.

Ramkovsk.ipg
Рамковски е во притвор околу 14 месеци. Во судскиот процес „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.
Осуммина од обвинетите се во притвор во Шутка, а шестмина во домашен притвор.
Дел од обвинетите меѓу кои синот на Велија Рамковски, Хеди, не се достапни за институциите.
Фирмите од „Перо Наков“ вкупно должеле околу 30 милиони евра од кои само 9 милиони за затајување на данок.

No comments: