13 March 2012

Скокни ги открива учесниците во SURVIVOR



Овие 18 познати лица ќе се борат за гол живот, едни против други, со иста цел: да преживеат, да победат и да ја освојат вредната парична награда!
Александра Накова (23)
Манекенка, Гевгелија
Згодната Александра Накова е македонската Плејбој зајачица која има успешна кариера како фото модел и манекенка. Работела за познатите брендови „Calvin Klein", „Police", а нејзините фотографии освен во Плејбој се појавија и во CKM на српски.

Алекс Грдиќ (33)
Фото модел, Загреб
Алекс е манекенка и фото модел, поранешна мис на Хрватска. Имала и свое шоу “Апсолутно Алекс” во кое пред камерите правела бразилска депилација. Учествувала и во други реалити проекти.



Ава Карабатиќ (24)
Старлета, Сплит
Ава учествувале во серијалот Фарма и се сликаше гола за Плејбој. Таа е студентка на Филозофскиот факултет во Задар каде студира книжевност, латински и италијански јазик. По струка е фармацевтски техничар и сонува еден ден да успее и како актерка.


Јелена Мачиќ (44)
Шминкерка, Белград
Познатата српска шминкерка важи за тврдоглава личност без влакна на јазикот. Била во брак со фотографот Ненад Марјановиќ со кого има ќерка, а нејзина сестра е Марија Тарлаќ (екс Мачиќ) која е позната и успешна манекенка.



Кристина Беквалац (27)
Модна креаторка, Нови Сад
Кристина е помладата сестра на популарната поп пејачка Наташа Беквалац. Таа успешно се бави со моден дизајн, а често е присутна во таблоидите и поради сестрата но и поради разводот од архитектот Иво Мартиновиќ и нејзината врска со ракометарот Владо Мандиќ.


Маја Лена Лопатни (21)
Студент, Загреб 
Ова е единствена натпреварувачка која влегува со својата мајка, познатата актерка Миа Беговиќ. Маја Лена студира новинарство во Загреб и има желба да стане водителка. Таа често е мета на таблоидите пред се поради популарната мајка, а се појавуваат и нејзини фотографии од журките во Загреб.

Марко Караџиќ (36)
Политичар, Белград
Марко завршил Правен Факултет и во САД магистрирал меѓународно право. Како истакнат борец за заштита на човековите права и сите видови на дискриминација добитник е на бројни признанија. Бил и државен секретар за човечки и малцински права на Република Србија, но поради судир со тогашниот министер ја напуштил оваа позиција. Денеска е комесар за човекови права во ЛДП.


Мартина Врбос (28)
Пејачка, водителка, Загреб
Хрватската поп пејачка, ди - џеј и некогашна водителка на култната емисија за хип - хоп на МТВ Адрија Марина Врбос влегла и во актерски води. Соработувала со Раде Шербеџија и настапувала заедно со неговиот бенд на концерти ширум екс Југославија.


Миа Беговиќ (49)
Актерка, Загреб
Една од најубавите хрватски филмски и театарски актерки. На 26-годишна возраст веќе имала успешна кариера и покрај сестра и, покојната Ена Беговиќ била меѓу најпопуларните актерки во поранешна Југославија. Зад неа се два брака. На Савајвер е заедно со ќерката Маја Лена.


Милан Громилиќ (33)
Балетан, Белград
Милан е превенец на Театарот на Теразие и играч во вистинска смисла. Женет е со балерината Катарина која заедно со него игра во истиот театар. Со неа има две ќерки кои се плод на големата љубов која се родила токму на Теразие.


Невен Цигановиќ (42)
Стилист, Загреб
Невен е најпознатиот хрватски моден стилист кој облекува бројни хрватски и странски јавни личности. Покрај тоа е познат и по својот позитивен став кон пластичната хирургија и нејзиното користење за разубавување. Обожува тетоважи и има над 20 на своето тело. Има голема желба за свое ТВ шоу.

Никола Шоќ (26)
Манекен, Цетиње, Будва
Млад манекен, актер, миленик на жените и ѕвезда на Фејсбук. Никола е најмлад натпреварувач на "Survivoru", a припадничките на понежниот пол посебно ќе се израдуваат и по фактот што згодниот Црногорец што игра во актуелната ТВ серија "Будва на пјену мора" моментално не е во врска.

Огњен Кајганиќ (36)
Ракометар, Белград
Огњен важи за еден од најголемите заводници меѓу спортистите. Познатиот ракометар игра во Атина, но често доаѓа во Белград каде е мета на папараците кои посебно се интересираат за неговиот љубовен живот и неговата слабост кон убавите водителки. Со водителката Александра Јефтановиќ бил во брак неколку години, а сега е слободен стрелец.

Радован Стошиќ (28)
Мистер на Хрватска, Загреб
Мистерот на Хрватска за 2010 година работи како тренер во еден бодибилдинг клуб и е апсолвент на Кинезиолошкиот факултет во Згреб. Вели дека ужива во својата работа. Во Хрватска важи за еден од најпривлечните момчиња и моментално не е во врска.


Себастијан Флајс (29)
Сноубордер, Самобор
Тој е авнатурист по природа и сака нуркање, качување, уживање во природа и секако скијање и сноуборд. Тој доаѓа со семејство каде зимските спортови имаат семејна традиција - неговиот татко е во Скијачкиот Сојуз, а сестрата е инструкторка по скијање.


Станија Добројевиќ (27)
Старлета, Рума
Ова е девојка која ја полуде српската јавност со своите прекрасни облини и провокативните секси фотографии. На многу форуми е избрана за најубава Србинка, но најдрага титула и е онаа за Најубава Плејбој Голф девојка. Слабост и се познатите фаци и спортитите.


Влада Вуксановиќ (24)
Манекен, Белград
Млад и амбициозен манекен кого го поврзуваа со многу познати дами. На неговото совршено тело жените не се имуни, посебно кога ќе се проштета по модните писти. Сепак за него манекенството е само хоби бидејќи студира економија.


Жаре Бербер (43)
Водител, Скопје
Водителот на популарното шоу "Кој те шиша" што се емитува на ТВ Сител за гледачите во Македонија важи за човек со остар јазик. Во неговото шоу гостуваа многу познати личности од регионот, и сите мораа да одговараат на неговите провокативни прашања. Во своето шоу Жаре Берберот често пее сам и заедно со своите гости.


No comments: