16 March 2012

Две години од смртта на Ксенија Пајчин!


На денешен ден, манекенот Филип Каписода ја уби пејачката Ксенија Пајчин а потоа самиот на себе си пресуди. 16-ти март 2010-та година во станот мртви беа пронајдени Филип и пејачката Ксенија Пајчин. Иако до денес не се дознала вистинската причина, зошто манекенот ја усмртил пејачката и си пресудил на себе, претпоставката била дека како причина е љубомората на момчето на Ксенија.

Одреден период по нејзината смрт се споменувало дека Ксенија била бремена а тоа како причина за оваа голема трагедија. Неодамна по српските медиуми се пишуваше дека мајката на Ксенија сакала да го продаде станот во кој нејзината ќерка е убиена и размислувала да се пресели во Србија, но од таа идеја се откажала. Ксенија Пајчин имала 33 години кога се случила трагедијата. Таа целиот живот се занимавала со танц и пеење. Со музичката кариера започнала во групата „Dak“, но во 1997-та година ја напуштила групата и започнала да гради соло кариера. 

Позади неа оставила многу хитови, а непосредно пред убиството таа снимила и дует со MC Стојан. Таа важеше за една од најубавте жени на естрадата, ја поврзувале со многу познати спортисти, пејачи, актери. 

No comments: