16 March 2012

Нов фудбалски срам, пораз од Србија со 10:0


Македонската репрезентација за играчи до 16-години е поразена од соодветната селекцијата на Србија со 10:0.

fudbal-240УЕФА во Белград, или поточно речено во Стара Пазова деновиве организира фудбалски турнир за млади категории, како дел од проектот  развојот на младите категории на овие простори. Многумина ова го поврзуваат со стартот на евентуалната Балканска лига, а на овој собир беа присутни сите челни луѓе од локалните фудбалски сојузи, како и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини.
Сепак, додека сите останати имаат млади категории со кои можат да се пофалат и од кои чекаат сигурна и квалитетна иднина, Македонија во фудбалот не може да се пофали со тоа, дури треба и да се срами.
Имено, попладнево нашите надежи, односно селекцијата за играчи до 16 години е поразена со убедливи 10:0 (полувреме 6:0) од соодветната селекција на Србија. Овој турнир беше за развој на млади категории и таленти, но по се изгледа дека ние таму отпатувавме со антиталенти за фудбал.
Според ова можеме да заклучиме на кое ниво се наоѓа македонскиот фудбал, а воедно крајно време е за темелни промени во Фудбалската репрезентација на Македонија.

Извор: Kurir

No comments: