
Граѓаните на Охрид синоќа имаа несекојдневна можност да уживаат во уште едно чудо на природата.
Планетите Венера, Јупитер, како и Месечината на ведрото охридско
небо можеа да се видат во полн сјај, подредени во констелација на
речиси вертикална линија.
Станува збор за две планети кои, гледано од Земјата, според
светлината се на трето, односно четврто место, веднаш зад Сонцето и
Месечината.
Иако двете планети се многу далеку една од друга, од она што може да
се види, се чини како да ги раздвојуваат само неколку степени.
Ваквите појави не се ретки во астрономијата, но се своевидна атракција и глетка за уживање.
No comments:
Post a Comment