27 March 2012

24 часа полициско око

Ќе има фото и видеозапис за секоја сообраќајна несреќа. На снимката ќе се види кој е виновникот. Се очекува безбедноста во сообраќајот да се зголеми, а за сите оние кои ќе се обидат да ја нарушат безбедноста во сообраќајот ќе следат строги казнени мерки. Казната ќе пристигнува на домашна адреса.
Безбедносни камери на крстосниците и поголемите булевари во и околу Скопје, се во финална фаза. Проектот „ Безбеден град“, кој со гордост го најавуваат од МВР, наскоро се очекува да профункционира. Веќе три години проектот се крчкаше, безбедносни камери на одредени локации беа поставени, но поради недостаток на средства неговата финализација се одложуваше. Во моментов поголем број од камерите се поставени на локации низ Скопје и Куманово, а наскоро според најавите од МВР, се очекува покривање со безбедносни камери и во Тетово.


No comments: