Многубројните кражби на средства за перење на облека во САД доведоа до заклучок дека тие се користат како „валута“ на црниот пазар.

Американците и светот се навикнати на сликите за магацини со дрога и оружје, но не и на складишта за украден прашак за перење, кои се почесто се откриваат во САД.
Во Мериленд е уапсена една банда крадци, кои украле прашак за перење облека од марката „Тајд“ во вредност од 125 илјади долари и го сместиле во своите складишта.
Според полицијата во Мериленд тоа не е единствен случај, бидејќи „Тајд“ веќе подолго време важи за „течно злато“ на улиците. Имено овој прашак се користи како еден вид на валута на црниот пазар.
Слични случаи се познати и во Калифорнија, Орегон и во други држави на САД.
Едно шише „Тајд“ во продавниците чини од 10 до 20 долари, а на улица меѓу пет и десет долари.
- Тие купуваат хероин и други дроги во замена за прашак за перење. Понекогаш гледаме луѓе, кои на улиците се шетаат со шест, седум шишиња „Тајд“, изјави претставник на полицијата во Орегон.
Кражбите на „Тајд“ се уште не станале национален феномен, но некои супермаркети веќе воведоа посебна заштита од кражба на средствата за перење облека.
За омиленоста на „Тајд“ на црниот пазар има повеќе причини. Првата е тоа што готовинското плаќање во САД стана се поневообичаено, а банкноти од сто долари речиси никаде не се прима.
Втората причина е тоа што некои нарко-дилери своите пари во буквална смисла на зборот ги перат со „Тајд“.
Исто така девалвацијата на доларот, но и се поголемата сиромаштија на населението придонесе за тоа „Тајд“ да стане валута.
No comments:
Post a Comment