На 11.3.2012 година, неколку ученички од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ беа дел од комеморативниот концерт што се одржа во домот на АРМ по повод 69 години од Холокаустот на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка.
Настапот на ученичките е резултат на неодамнешната соработка што ја оствари училиштето со еврејската заедница во Република Македонија.
Со читање литературни творби и пригодни говори, како и со изведба на музички хорски и квартетни точки, ученичките ги потсетија гостите на злоделото извршено врз Евреите за време на Втората светска војна.
Творбите на ученичките се преведени на англиски јазик и ќе бидат дел од билтенот што го издава еврејската заедница.
Оваа соработка има за цел да им овозможи на младите да ги запознаат различните култури.
No comments:
Post a Comment