13 March 2012

ФОТО: Од VIP Survivor прв ден



По долга најава за најгледаното регионалано реално шоу „VIP Survivor“ конечно вчеравечер стартуваше. 18-те виповци 45 дена на преживување на Костарика, и три месеци на телевизиските екрани оставени на милост и немилост, сами да одлучуваат и да се снаоѓаат за храна и вода, а сепак во борба за 50.000 евра. Почетокот на реалното шоу го стартувавме со специјална емисија на Сител Телевизија во која како гости се појавија поранешните учесници од Македонија Пеце Котески, Ана Стојановска и Тони Зен, кои споделија искуства од преживувањето како и кои се нивните ставови за тоа како ќе се снајдат нашите виповци во втората сезона на ВИП Преживеани. Сите со позитивни коментари дека ова реално шоу им ги променило видиците за одредени работи во животот и одлично искуство од кое многу научиле. Жаре Бербер и Александра Накова се овогодинешните виповци од Македонија кои ќе се обидат да преживеат на Костарика.


Вчера и официјално стартуваше „VIP Survivor“ кога 18-те виповци од Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора со авион беа преместени во чамец од каде и официјално започна преживувачката авантура на виповците. Првата задача беше да допливаат до крајбрежјето и секој да ја пронајде црвената марама, но на островот ги пречекаа само 16 марами, што можеби е некоја замка за преживувачите. Хрватската актерка Миа Беговиќ ја имала првата непријатна ситуација во која за многу малку можела да заврши несреќно, почнала да се гуши во водата додека се обидувала да исплови до крајбрежјето но за среќа се завршило во најдобар ред. По пристигнувањето на островот виповците започнаа со истражување на истиот барајќи ги упатставата кои им беа поставени. Најпрво го пронајдоа изворот со слатка вода која можат да ја користат за пиење, потоа сандакот во кој се наоѓаала храна која ќе ја искористат додека не се снајдат сами да пронајдат нешто друго, како и конопот и мачетите без кои не би можеле ништо да напрват. Го пронајдоа импровизираниот „кревет“ направен од бамбус, а машкиот дел од кандидатите се обидоа да направат и сплав кој ќе им помогне во преживувањето. Успеаа да пронајдат и коноп со кој се обидоа да запалат огин, но беа навистина не умешни во тоа, со што не успеаа да запалат огин. Се запознаа и со првите соседи на островот тоа беа мајмуните, кои со сигурност ќе им донесат големи непријатности додека престојуваат на островот. 

Единствени кандидати кои не успаа да стигнат до нивните марами беа Невен и Алекс со што ги очекува неизвесна судбина. За тоа ќе дознаеме вечерва во втората епизода од ова релано шоу со почеток во 22 часот и 15 минути на Сител Телевизија.
Машкиот дел од екипата се покажа како поснаодлив за разлика од женскиот, кои не знае што треба да направат се без ред и без цел. Јелена Мачиќ беше првата која успеа на сите да им сподели кометар за секоја нивна постапка, додека Миа и Жаре размисуваа гласно зошто никој сеуште не им се обратил. Првите љубовни искри ги имаше уште првата ноќ, Станија се најде во близина на црногорскиот манекен Огнен, додека Александра во близина на хрватскиот мистер Радован. Вечерва не очекува нова приказна од Преживеаните, ќе ги дознаеме и првите групирани кланови, првите кавги како и првите задачи со кои ќе се соочат виповците. 
Текст: BackStage

No comments: