13 March 2012

Кој изјави дека е геј во „VIP Survivor“?!

„VIP Survivor“ шоуто во кое ќе може да видиме како изгледаат вип фаците од јавниот живот и кога се несредени. Но и ќе може да слушнеме нешто повеќе за нивниот приватен живот ако случајно им се „испушти“ или пак покажат некои афинитетни кон нешто. Шоуто штотуку стартуваше а лавина на информации за тоа што се случувало на Костарика ги поплави балканските медиуми. Една од таквите информации е за Невен Цигановиќ стилист од Хрватска еден од виповците на регионаланото реално шоу „VIP Survivor“, кој наводно признал пред камерите дека е геј за време на снимањето на Костарика. Тој се обидел да флертува со Марко Караџиќ комесарот за човекови права, пишува српски Kurir.
Наводно тој веднаш по пристигнувањето почнал да дели провокативни коментари кон машките учесници во шоуто, но по неколку дена тој се почесто почнал се ноѓал во друштво на Марко Караџиќ. Прво имале пријатлски контакт а потоа се опуштил и почнал да му испраќа поинакви сигнали на Караџиќ. Незгодна ситуација имало за Караџиќ кој доаѓа од редовите на партија која се бори за човековите права на геј популацијата, па се обидел целата ситуација да ја сврти на шега, пушува порталот.

Кога и двајцата биле исконатктирани за да официјално ја потврдат информацијата Караџиќ немал коментар за тоа, додека Цигановиќ бил малку поопширен во коментарот во кој изјавил дека тој подеднакво со сите флертувал и не покажал некој посебен интерес кон некого.

Што се нема да видиме во ова реално шоу, кој со кого флертувал, љубовни авантури но колку во сето тоа има вистина ќе се увериме наскоро. Веќе вечерва не очекува втората епизода од втората вип сезона на преживувачите.

Освен епизодните изданија кои ќе се емитуваат од „VIP Survivor“ со почеток во 22 часот и 15 минути на Сител Телевизија, на Прва Српска Телевизија ќе се емитува и емисија со наслов „Враќање во цивилизација“ која ќе ја водат Милан Калиниќ и Антонија Блаче со почеток во 20 часот. 

No comments: