Од магацинот на Пивара Битола денес излегоа првите камиони со Битолско и Кенбах со што пиварницата беше свечено отворена.

Покрај стаклени амбалажи од 0,33 и 0,50 литри со кои двете пива ќе се појават на пазарот, ќе има и ПЕТ амбалажи од 1,5 литар. Битолско овој пат на пазарот се враќа со нова амбалажа и етикета.
За да уживате во вкусот на битолското пиво од 0,50 литри ќе треба да платите 30 денари, додека за Кенбах - 35 денари. Амбалажите на битолско од 1, 5 литри ќе чинат 75 денари, а 90 денари за Кенбах.
No comments:
Post a Comment