Српската старлета Сораја Вучелиќ продолжува со турнејата низ регионот. Откако ја посети Македонија, решила да замине на неколку дена кај нејзиното момче во Загреб и со него да отпатуваат на одмор во Атена. За време на ноќните излегувања, плејбој зајачицата добила тупаници од нејзиното момче. Кога парот пристигнал во еден ноќен клуб, Сораја сретнала друштво од Белград, а набрзо на нивното сепаре почнале да пристигнуваат ружи. Старлетата ги прифатила ружите како знак на внимание, но на нејзиното момче изгледа ова воопшто не му се допаднало. Некој од присутните го замолиле човекот кој ги испраќал ружите да престне со тоа затоа што старлетата имала друштво, но провокацијата продолжила и потоа настанала општа тепачка.Сораја се обидела да ги раздвои но тогаш заработила шамар од нејзиното момче. Не е познато дали Сораја овој шамар го добила намерно или пак случајно, но поради тоа таа се чусвувала навредено и понижено и веднаш го напуштила ноќниот клуб.
По ова бурна тепачка Сораја се вратила сама во апартманот каде била сместена со нејзиното момче, а тој таа вечер не се вратил. Дека навистина тоа се случило потврдила Сораја, но не сакала да открива многу детали за тоа. Дали по оваа незгода Сораја ќе ужива во статусот сингл или ќе му прости и ќе се врати повторно во прегратките на момчето?!
Старлетата за која се зборуваше многу како и тоа дека ќе биде дел од забавите на познатиот Hugh Hefner, во едно инетрвју за Backstage таа откри дека би сакала биде дел од тие журки и да ги запознае луѓето одговорни за Плејбој, но не и да остане таму да живее. Но никогаш не се знае можеби токму таму ја очекува среќата во љубовта, иако овде тоа и баш не и се посреќи.
No comments:
Post a Comment