30 March 2012

Сепак паднал секс - Александра Накова и Радован Стошиќ не издржале на Островот на отфрлените


Извор од продкуцијата која го снимаше реалното шоу за српски Курир открива детали кои гледачите сеуште ги немаат видено
Македонската претставничка во SurvivorАлександра Накова водела љубов со поранешниот мистер на Хрватска, Радован Стошиќ на Островот на отфрлените, пишува српски Курир.
Медиумот повикувајќи се на извори блиски до продкцискиот тим на реалното шоу пишува дека на македонската манекенка и се исполнила најголемата желба.
„Александра симпатиите кон Радован ги покажа уште пред доаѓањето во Костарика, поточно пред самото запознавање, а раздвојувањето од него, или заминувањето во различни племиња не го поднесе најдобро. Сепак кога и двајцата беа избркани од своите племиња, на Островот на отврлените, каде учесниците со најмногу негативни гласови чекаат враќање во племето, на Александра и се погоди ситуацијата.
Наскоро романсата на двајцата учесници во 
Survivor ќе можат да ја видат и гледачите на ТВ Сител.Александра и Радован, по враќањето од Костарика, речи си воопшто не контактираат, пишува Курир.

No comments: