30 March 2012

Столе Попов ќе снима филм во Демир Хисар



Во почетокот на април ќе започнат интензивните подготовки за снимање на дел од долгометражниот македонски игран филм „До балчак“, или со работен поднаслов „Приказна за Дивиот Исток“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Академик Горан Стефановски. Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија и се цени дека ќе чини над 3 ипол милиони евра.

Според планот, снимањето на филмот ќе се одвива на неколку локации во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид и тоа во периодот од мај до август оваа година.

Претставници на продуцентската кужа „Триангл – филм“ деновиве имаа повеќечасовна средба со градоначалникот на општината Демир Хисар, Тони Ангелевски и со негова лична придружба ги посетија локациите во с. Света  каде што ќе се снима дел од филмот.

Градоначалникот Ангелевски изрази максимална подготвеност да излезе во пресрет со сите човечки, логистички и технички капацитетии на општината, но и огромно задоволство од изборот, селото Света да биде една од локациите каде што ќе се снима филмот.

Покрај јавниот бенефит за македонската кинематографија, за време на снимањето во Демир Хисар се очекува повеќестран бенефит за општината Демир Хисар во нејзината поширока јавна промоција, но и за локалното население кое ќе биде важна и силна логистика за многубројната продуцентска, режисерска и актерска екипа.

Најголемиот јавен бенефит за Демир Хисар е тоа што, за снимањето на овој филм, Македонски железници повторно ќе ја оспособат за сообраќај железничката пруга од Бакарно Гумно до селото Света, каде што, пред почетокот на смимањето треба да биде донесена стара парна локомотива со композиција од неколку вагони, ќе се реконструира руираната железничка станица, а дел од локалното население од Света и околните населени места, ќе бидат вклучени во логистичката поддршка, но и како статисти.
Според сценографијата на филмот, на дел од нивите над пругата, ќе бидат изградени привремени објекти, односно караула, а во дворот на црквата под пругата, ќе биде поставен камп каде што ќе биде сместен дел од техничкиот персонал.

Снимањето во Света треба да заврши најдоцна до 20 – ти мај каде пто во десетте дена од снимањето, во еден момент се очекува присуство од околу 1000 лица.

Продуцентите на „Триангл – филм“ веќе се на терен, потпишуваат договори и исплаќаат надоместоци за закупнина на дел од земјоделското земјиште.

No comments: