12 March 2012

Се обидел да се обеси, но му се скинало јажето


Тетовската полиција информира дека 80-годишник од тетовското село Лешок вчера се обидел да си го одземе животот со бесење.

jaze-besenje-240
Старецот околу 7 часот и 40 минути вчера утрото, со бесење во потпокривот на својата куќа се обидел да се самоубие.
При обидот за самоубиство му се скинало јажето, по што паднал и удрил со главата од подот и се здобил со тешки повреди.
- Лицето е префрлено во Тетовската клиничка болница. Во овој случај, како причина на обидот на самоубиството се посочуваат семејните недоразбирања, рече портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

No comments: