12 March 2012

14 лица загинаа во пожар во Истанбул


Во пожар кој доцна синоќа изби на едно градилиште во Истанбул, загинаа 14 градежни работници, соопшти градоначалникот на истанбулскиот дистрикт Есењурт, Неџми Кадиоглу.

istanbulll-500
Според него, пожарот зафатил голем шатор во кој престојувале работниците на градилиштето на еден трговски центар.
- На ова место се гради трговски центар. Најверојатно пожарот е поврзан со дефект во апаратите за греење, истакна Кадиоглу, додавајќи дека моментално е многу студено и температурата е еден степен под нулата.
Пожарникарските служби го изгаснале пожарот, а на местото на несреќата се наоѓаат медицински возила.
Медиумите јавија дека дефект на електричната инсталација е можна причина за пожарот.

No comments: