12 March 2012

Центар украсен со љубичици


„Цветен Центар“ е проектот кој го започна општина Центар, а вклучува цветно уредување на сите атрактивни локации со љубичици во различни бои.

cveten.jpg-500
Следните неколку недели, општината ќе спроведе цветно уредување на различни локации, како што се жардиниери пред станбени блокови, цветни острови во парковите на општината и дворовите на основните училишта и градинки.
cveten2.jpg-500
Со планот за садење ќе бидат опфатени плоштадот пред општината, паркот на Кружен тек, жардиниерите пред Министерство за одбрана и Министерство за култура, кај Клубот на новинари, како и на потегот од општинскиот паркинг „Трготекстил“ до хотел „Бристол“.
- Во чест на празникот на жената - 8 Март, општина Центар ги уреди жардиниерите на улиците „Македонија“ и „Никола Вапцаров“, соопшти општина Центар. 

No comments: