Фејсбук излегува од контрола, а стресот кој го носи управувањето со оваа компанија, ми го уништи животот, изјави Цукерберг, пренесува Weekly World News.
Потпретседателот за технички работи, Аврат Хумарти беше јасен и посочи:
-На 15. март, 2012 година се исклучува целиот сајт. Значи, ако сакате да ги видите своите фотографии повторно, Ви препорачувам да ги симнете од интернет. Нема да можете да ги добиете назад, откако Facebook ќе излезе од бизнисот, пренесе Weekly World News.
Цукерберг изјавува дека одлуката да се затвори Фејсбук била тешка, но не мисли дека луѓето ќе се вознемират премногу.
-Лично јас, не сметам дека тоа е некоја голема работа. И да бидам искрен, мислам дека така е подобро. Без Фејсбук луѓето ќе мора да одат надвор и да склопуваат вистински пријателства. Тоа е многу подобро, рекол според Weekly World News, Цукерберг во он-лајн интервју.
Некои корисници на Фејсбук беа бесни откако ја слушнаа оваа вест, напиша Weekly World News.
Родителите низ целиот свет се соочуваат со долгоочекуваното чувство на олеснување.
Луѓето од финансиската индустрија го критикуваат Цукерберг, за оставање на мултимилијардерски профит. Facebook во моментов е рангиран како една од најбогатите компании во светот, а неговата вредност изнесува 7,9 милијарди долари.
-Не ми требаат пари. Си го сакам својот стар живот назад, изјави Цукерберг.
Корпорацијата Фејсбук им сугерира на корисниците да ги повлечат своите персонални информации и фотографии, пред 15. март 2012 година. По тој датум сите фотографии, белешки, линкови и видеа ќе бидат перманентно избришани, објави Weekly World News.
No comments:
Post a Comment