12 March 2012

Фејзбук ќе има


Сигурно во текот на денов прочитавте на повеќето македонски медиуми дека Фејсбук ќе згасне на 15 март, 2012 година. Приказната всушност е стара и секако, една глупава лага!
Корисниците на Фејсбук го шират овој трач на социјалната мрежа побрзо од светлината, велејќи дека Фејсбук ќе згасне на 15 март. Како и претходно, кога се прошири веста дека Фејсбук ќе започне да наплаќа и оваа вест не е вистина: Фејсбук на почетокот на месецов потроши 5 милијарди долари за IPO (intial public offering) и планира да остане уште долго време на интернет мрежата.
Тврдењето дека Фејсбук нема да постои започна вака:
Weeklyworldnews.com вели вака: PALO ALTO – Фејсбук продолжува да ги негира шпекуалциите дека ќе згасне на 15 март 2012 година. Но, WWN ви потврдува дека е вистина. Фејсбук ќе згасне на 15 март 2012 година.
Иначе, Weeklyworldnews.com е сатиричен портал!
Ова е воведот од наводниот извор:
facebook-nema-da-se-zatvori-thumbМарк Цукерберг најави дека Фејсбук ќе згасне во март 2012 година, бидејќи управувањето на страната било премногу стресно.
"Фејсбук излезе од контрола" - (наводно) изјавил Цукербер на пресконференција. "Стресот кој го носи управувањето на оваа компанија, ми го уништи животот. Морам да ставам крај на оваа лудост".
Цукерберг продолжил да објаснува дека од 15 март следната година, корисниците нема да имаат пристап до нивните Фејсбук акаунти. Со тоа, тој им дава на корисниците и Фејсбук зависниците една година да се прилагодат на живот без Фејсбук.
Ова е реалноста:
Оваа глупава лага се шири како пожар на Фејсбук и покрај тоа што нема никакви официјални информации. Еве, отворете одново на порталите каде што ја прочитавте веста и побарајте дали има официјален извор за оваа вест.
Ќе забележите дека пораката не вклучува линк до официјалниот Фејсбук блог, на кој како по обичај, би имало некаква изјава. Оригиналната измама беше објавена на WWN минатата година, но страната едноставно ги апдејтира глупостите, додаде петиција и ја смена датата на лажната статија за да изгледа дека се нови вести, на кој наседнаа голем број медиуми.
Повторно ги објавија низ целиот интернет, вклучувајќи го и Фејсбук, со што си направија една добра реклама за нивниот сајт.
Логичко прашање:
Како е можно компанија која вреди речиси 100 милијарди долари да биде затворена само затоа што на Зукерберг му здосадило или му претставувало стрес? И навистина да му се "смачи" од Фејсбук, како може Зукерберг да го има конечниот збор за целата таа компанија кога Фејсбук неодамна се појави на берзата?

Извор:  The Men

No comments: