29 March 2012

„Тајмлајн“ од утре автоматски ќе се активира кај сите?


Апликацијата за „Тајмлајн“, која до сега се активираше врз основа на сопствен избор, од утре ќе биде автоматска и ќе се активира кај сите корисници.

facebook-timeline-500
Фејсбук на почетокот на месецов соопшти дека на 30-ти март „Тајмлајн“ ќе стане задолжителен кај сите и автоматски ќе се активира. Останува да видиме дали раководните луѓе на најпопуларната социјална мрежа ќе ја остварат оваа најава или пак сепак ќе ја повлечат поради негативните коментари на сметка на „Тајмлајн“ од страна на корисниците.
Со ова Фејсбук ќе ја прошири својата понуда за рекламирање на производи со цел да привлече поголем број огласувачи.
„Премиум“ рекламните пораки ќе можат да се испраќаат на страницата за исклучување од Интернет страницата, а спонзорираните приказни во  одделот за актуелности на мобилните уреди.
Автоматското воведување на „Тајмлајн“ ќе разочара многуммина од корисниците на Фејсбук, бидејќи според спроведените анкети, тој воопшто не е популарен.
Така, анкетата спроведена меѓу 4.110 корисници од страна на безбедносната компанија „Софос Секјурити“, покажува дека многумина не се задоволни од новиот „Времеплов“  (Timeline).
- Јасно е дека општиот став кон „Тајмлајн“ е негативен. Сепак треба да се земе во предвид и фактот дека учесниците во анкетата во поголем дел се загрижени за проблемите поврзани со приватноста и безбедноста, а кои произлегуваат од новиот „Времеплов“, иако тоа е јасен идникатор дека луѓето не се воодушевени од оваа промена, истакнува Грахам Клулеј од „Софос Секјурити“.

Најчеста причина за приговор на корисниците за „Тајмлајн“ е фактот дека сето тоа што го правале на „Фејсбук“ сега ќе биде ставено на дофат на секој што ќе го посети нивниот профил.

No comments: