| Македонски бизнисмен, чиј идентитет се уште не се открива, вложил огромна сума пари, за да ја врати во живот телевизијата која беше затворена пред една година.Неофицијално, според информациите до кои дојде Кирилица, на чело на Телевизијата ќе биде познатиот новинар Борјан Јовановски | ||
-Денес е недела, ден за моето семејство, ден кој сакам да го посветам на моите деца. Не сум во државата, така што Ве молам оставете ме на мира. Не негирам ништо, ниту пак потврдувам – ни изјави Јовановски. Новиот сопственик веќе ги откупил правата за пренос на натпреварите во Лига на шампиони од следната сезона. Повторно ќе се бира Македонскиот идол, а ќе бидат емитувани и многу познати американски ТВ серии. Она што сигурно нема да го има на програмата на обновената телевизија се шпанските, турски, индиски и латино американски сапуници. Од Агенцијата за електронски комуникации ни потврдија дека е дадено одобрение за користење радиофрекфенција. Оттаму повеќе не сакаа да коментираат. Не е исклучена можноста на пазарот повтроно да ги видиме и дневниот весник Време и неделникот 1Е. |
01 April 2012
Борјан Јовановски на чело на А1 телевизија
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment