13 April 2012

Слика вредна 100 милиони евра пронајдена во Србија!


Сликата од Paul Cezannе, вредна сто милиони евра, пронајдена е вчера вечер во Белград.
Вредната уметничка слика ја украле три српски државјани, а пронајдена е во полициската акција подготвувана неколку месеци во која полицијата на Србија соработувала со колегите од неколку држави.

Според досегашните информации во потрагата по делото изведени се приведувања во Чачак и Белград. 

Најверојатно е пронајдена сликата "Момчето во црвеното елече", а во последните 15 години украдени се две дела од Cezannе. 

Од музејот во Оксфорд крадците ја украле сликата Auvers-sur-Oise вредна три милиони фунти, а во 2008 година од галеријата во Цирих украдени се дела од Ван Гог, Монет и Дегасо како и делото на Cezanne "Момчето во црвеното елече".

No comments: