13 April 2012

Погледнете го новиот атлас на Вселената: НАСА вложила 14 години во истражување



НАСА ја открила неверојатната нова фотографија од нашето галактичко соседство и тоа во новиот ѕвезден атлас на Вселената.

Атласот вклучува каталог со целата инфрацрвена вселена, повеќе од половина милијарди ѕвезди, галаксии и се останато фатени во истражувачката мисија наречена WISE.

Водичот на истражувањето, научникот од UCLA, Едвард Врајт изјавил: "WISE е плод од 14 години вложениот напор на астрономската заедница."

Имено од 1998 година до 2012 направени се 2,7 милиони снимки опфаќајќи ги сите, од блиски астероиди па се до одалечени галаксии, а токму WISE е заслужен за откритието на астероидот кој има ист орбитален пат околу сонцето како Земјата.


Извор:Точка

No comments: