
Сакате ли беспрекорно чиста куќа, а заедно со тоа и малку забава? Ако живеете во Тексас, тоа може да ви се исполни.
Таа за чистење на цела куќа наплаќала по 100 долари, а доколку клиентот посака, нејзините девојки прашината би можеле да ја бришат и во долна облека.
Оваа идеја воопшто не им се допаднала на конзервативните локални власти, па веќе долго време се обидувале да ја затворат. Но, на Мелиса работата и ’цвета’ и тоа толку многу што вработила уште три девојки на кои не им е проблем да чистат со правосмукалка во долна облека.

Иако правилата на агенцијата се јасни и во нив нема место за никаков вид на физички контакт помеѓу девојките и клиентите, полицискиот наредник Џонатан Стјуарт нагласил дека е само прашање на време кога ќе го затворат бизнисот на Мелиса, бидејќи таа не ги поседувала сите потребни дозволи.
Дозволата која Мелиса ја бара чини 650 долари и уште 5.000 долари депозит за легализација на бизнисот. Таа рекла дека ќе ги преземе тие чекори дури кога градот ќе поднесе тужба.
No comments:
Post a Comment